Рускиот војник Вадим Шишимарин (21) е осуден на доживотен затвор затоа што усмртил 62-годишен цивил во Украина.
Судот во Киев денеска сметаше дека Обвинителството ја докажало неговата вина, по признанието на војникот го застрелал 62-годишникот среде руската инвазија.
Престрелката се случила во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. Војникот од Сибир, рече дека дејствувал по наредба на неговите претпоставени. Тој се извини и побара прошка од вдовицата на цивилот за време на судењето.
Обвинителството побара доживотен затвор.
Од официјален Кремљ информираат дека е можно војникот да биде разменет за украински затвореници во Русија.
„Кремљ е загрижен за Шишимарин и ќе бара начини да му помогне. Секако дека сме загрижени за судбината на нашиот граѓанин. Немаме многу можности да ги заштитиме неговите интереси. Но, тоа не значи дека нема да ја разгледаме можноста да му помогнеме преку други канали“ – изјави денеска Дмитриј Песков – портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.