Барменот Алесандро Импањатиело призна дека ја убил својата трудна девојка Џулија Трамонтано (29) по што го сокрил нејзиното тело во близина на нивниот дом. Сепак, неговите ѕверства не завршиле тука. Откако пријавил дека е исчезната, тој и праќал пораки глумејќи дека е загрижен, бидејќи таа не се слушнала со него.
sai Giulia, io ci credo davvero.
in questi giorni un po’ di più. #GiuliaTramontano pic.twitter.com/zFvXANwyUY— BadgalVale (@badgalvale) June 2, 2023
Како што соопшти обвинителството, Импањатиело двапати се обидел да го запали телото на својата партнерка, еднаш во бањата на нивниот стан, а потоа во близина на куќата, по што го сокрил телото и пријавил дека е исчезната.
Импањатиело првенствено рече дека Џулија го оставила затоа што дознала дека ја изневерува со колешка од работа, која исто така е бремена со неговото дете.
Полицијата откри дека неколку дена пред убиството, убиецот пребарувал на Интернет за упатства како да запали тело и да ги отстрани доказите.
Ovviamente la memoria di Giulia Tramontano va protetta, mentre Alessandro Impagnatiello va solo raccontato per ciò che è stato: un lucido assassino che ha addirittura provato a bruciare il cadavere della sua fidanzata al settimo mese di gravidanza. Punto.
Speriamo quindi non ci… pic.twitter.com/1XaqHyyuha
— Fran Altomare (@FranAltomare) June 1, 2023
Неколку часа пред убиството, Џулија ја запознала љубовницата на Импањатиело. И двете жени покажале сочувство една кон друга, бидејќи не знаеле дека се измамени.
По убиството, Импањатиело и испратил порака на својата 23-годишна љубовница дека е „слободен човек“, но таа не сакала да го види.
Мајката на Импањатиело, Сабрина, рекла дека никогаш нема да му го прости злосторството што го направил, а ја замолила мајката на Џулија да и прости што родила чудовиште.
„Мојот син е чудовиште. Не знам што се случи. Се уште не ми се верува“, изјавила мајката.