Младо момче од Македонија се удави во Црна Гора

Младо 22-годишно момче од Македонија вчера околу 18 часот се удавило на плажата Утјеха, кај црногорскиот град Бар, јавуваат тамошните медиуми.

Информациите се дека момчето, чиј идентитет засега е непознат, било заминато во Црна Гора да работи сезонски. Допрва ќе треба да се утврдат причините за смртта.

Од она што досега е познато, на телото немало видливи траги на насилство.

Наредено е да се изврши обдукција.