Младиот аргентински фудбалер Енцо Фернандез со најскап трансфер во историјата на Премиерлигата

Доцна синоќа Челси го комплетираше трансферот на аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез од Бенфика, а ангажманот на аргентинскиот фудбалер е историски.

Англиски Челси за Енцо Фернандез ќе плати 121 милион евра. Сините оваа сума ќе ја исплатат на 5 рати.

Тоа е најскапата зделка на Челси, најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата. Претходниот рекорд до држеше трансферот на Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити.

Енцо Фернандез е петтиот најскап фудбалер во светот. Поскапо од него беа купени Нејмар, Мбапе, Кутињо и Жоао Феликс.

Ова е втора највисока продажба на Бенфика, нивната најголема зделка е Жоао Феликс во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра.