
Младинска обука „Млади за локален мир и учество“ во Велес
Како што информираат од ХЕРА, целта на обуката е да ги зајакне капацитетите на младите за активно учество во процесите на донесување одлуки, градење мир и демократско ангажирање на локално ниво, преку пристап базиран на неформално образование, интеркултурен дијалог и младински центриран пристап.
Во Велес денеска официјално ќе биде отворена младинската обука „Млади за локален мир и учество“, која ќе се одржува до 22 февруари во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Како што информираат од ХЕРА, целта на обуката е да ги зајакне капацитетите на младите за активно учество во процесите на донесување одлуки, градење мир и демократско ангажирање на локално ниво, преку пристап базиран на неформално образование, интеркултурен дијалог и младински центриран пристап.
На учесниците ќе им се обратат Фатмир Сабриу, државен секретар при Министерството за социјална политика, демографија и млади, Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната канцеларија во Скопје при Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Елизабета Божиноска, програмска директорка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
-Настанот е дел од програмата посветена на интеркултурниот дијалог, инклузијата и социјалната кохезија, со фокус на улогата на младите во градењето доверба и општествена кохезија, соопштија организаторите.