Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани, информираше денеска директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска.
ДСЗИ, како што рече, ги контролира и приватните градинки. Фактот што околу 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно, како што оцени, е поразувачки.
Податоците се од списоците што биле доставени вчера до ДСЗИ од градинките, а акцијата ќе продолжи.
Од вчера ДСЗИ врши надзори низ градинките и издава решение за забрана за примање деца кои се невакцинирани или нецелосно против пертусис.
-Директорите ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат, а за тоа ќе провериме во текот на денов и во наредните денови, рече Младеновска.