Во населбата Лауш во Бања Лука, млада жена починала од тешки повреди, јавија локалните медиуми. Очевидци велат дека жената враќајќи се од продавница наеднаш и се слошило
– Се обиде да се потпре на оградата, но изгуби свест и се наби на шилец од оградата – изјавил извор од истрагата.
Смртта настапила за неколку секунди, бидејќи шилецот ја пробил артеријата во вратот.
Веднаш била известена итната медицинска помош, но лекарите кои пристигнале на местото на настанот можеле само да констатираат смрт на жената, шокирани од глетката.
За време на трагичниот инцидент присутни биле соседите од населбата Лауш.
Случајот, пријавен на 27 јули, е констатиран како смрт од несреќен случај, пренесува Српскаинфо.