(Видео) Мијалков од „црната листа“ со црвено „Ферари“ во Монте Карло

На снимката што ја објави порталот „Скопје1“, а на кој не е наведено од каде е изворот на видеото, туку само дека е објавено пред 14 часа, Мијалков излегува од луксузното возило и влегува во хотелот „Ле Луи“, каде има ресторан со три мишелин ѕвездички.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков со женска сопатничка се појави во Монте Карло.

На снимката што ја објави порталот „Скопје1“, а на кој не е наведено од каде е изворот на видеото, туку само дека е објавено пред 14 часа, Мијалков излегува од луксузното возило и влегува во хотелот „Ле Луи“, каде има ресторан со три мишелин ѕвездички.

Мијалков беше обвинет во предметот за масовно прислушкување „Тврдина“, но делото му застаре откако претходниот собраниски состав изгласа промена на Кривичниот Законик.

Откако беше ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави неговото име се појави и во последната објава на Стејт Департментот, кога на црната листа му се придружи и Артан Груби заедно со судијата Беџети затоа што биле вклучени во коруптивни активности за да му ги застарат делата на Мијалков.