Мијалков од денеска е во затвор во Струга

Сашо Мијалков, екс-директорот од денеска е во затворот во Струга за да ја опслужи затворската казна од 3 години, која ја доби откако се спогоди за случајот „Империја“.

Како што пишува „А1он“, тој до затворот дошол сам, без обезбедување. На вратата му направиле претрес, а пред затворот се појавил само со куфер.

Неофицијалните информации се дека Мијалков на почеток нема да ги ужива погодности како што се право на работно ангажирање и одмор, а сето тоа ќе може да го прави по еден месец од почетокот на издржување на затворската казна.

Потоа, според информациите, ќе може да излегува во текот на денот, а во затворот само да преноќува, како работно ангажирано лице.

Пресудата за „Империја“ по претходна спогодба со Мијалков, беше изречена на 8 јули.

Мијалков казната од три години ја доби со спогодба преку која на државата и даде имот вреден над 30 милиони евра.