Мијалков на слобода, Даравелски се врати дома, Американците токмат црна листа, а Груевски фаќа сеир

Пред Василица дојде и замина очекуваниот висок функционер на Стејт департментот.

Пред Владата го дочека премиерот, надвор од дипломатскиот протокол. Поради респект или страв што носи во антикорупцискиот тефтер од Америка.

На ист ден Судскиот совет со заклучок – Апелација свесно одолговлекувала со одлуката за Мијалков. До застарување на делото.

Прекршување на кривичната постапка е кривично дело. Дали обвинителот Абази ќе покрене постапка за судијата Беџети што го криел предметот?

И Драги Даравелски се врати во државата. И тој очекува застареност за проневерените милиони евра.

Дали Македонија откако стана заробена останува само држава на мафијата? Криминална и политичка?