Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет денеска пред Европскиот парламент изјави дека одговорните за злосторствата извршени во Украина, која Русија ја нападна пред еден месец, ќе се соочат со „меѓународната правда“.
„Русија е одговорна за оваа војна. Русија и само таа. Напади на цивилно население, жени, деца, сето тоа се злосторства и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Тоа во никој случај нема да остане неказнето“ – истакна Мишел, обраќајќи им се на европратениците на пленарната седница во Брисел.
Притисоците кои произлегуваат од војната во Украина ги покажаа силните страни, но и слабостите на Европската унија, порача тој.
„Кога зборуваме за нашите слабости, првата е слабоста во однос на енергијата. Сакаме да бидеме независни во иднина, но мора да преземеме итна акција за да ја зголемиме нашата независност и да престанеме да бидеме зависни од фосилните горива“ рече Мишел.