Мишел Обама: 10 години не можев да го поднесам Барак!

Мишел Обама во интервју раскажува дека во нејзиниот брак со поранешниот американски претседател Барак Обама 10 години владеела тензија.

Луѓето мислат дека сум злобна што го кажувам ова – имаше некои 10 години во кои не можев да го поднесам мојот сопруг. Десет години! И погодете кога се случи тоа? Кога нашите деца беа мали“, рекла Мишел, пренесува „Инсајдер“.

Нивните ќерки, кои сега имаат 21 и 24 години, имале 7 и 10 години кога првпат живееле во Белата куќа.

„Малите деца имаат барања. Тие не зборуваат. Тие се лоши комуникатори. Тие постојано плачат. Тие се неразумни. И ги сакате повеќе од сè. И затоа не можеме да ги обвинуваме“, додава таа и објаснува дека „важно е да се запознае личноста за да се надминат тензиите“.

„Десет години, а ние сме во брак триесет. А тоа значи добри дваесет – зависи од тоа како гледате на тоа. Луѓето често се откажуваат, мислејќи: ‘пет години и не можам повеќе да издржам’. Можеш да му се лутиш на него, но сепак го гледаш и велиш: ‘Не сум задоволна со тебе, но те почитувам’. Не се согласувам со тебе, но сè уште си љубезна, паметна личност“, изјавила поранешната прва дама на САД.