Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет следната недела ќе ги посети Црна Гора, Косово и С. Македонија, дознава „РСЕ“ од извори во Советот на Европската Унија (ЕУ).
Тој најверојатно ќе ги посети три земји во периодот меѓу 14 и 16 јуни, а во Скопје ќе пристигне на 15 јуни.
Мишел изминатиов период лично се вклучи во напорите за изнаоѓање решение за кризата во Босна и Херцеговина, а во наредните денови се очекува да ги покани политички лидери од БиХ во Брисел со цел да се организира заедничка средба за да се најде можно решение.
Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на 23. јуни во Брисел.
Мишел во мај годинава рече дека повикал на постепено вклучување на земјите од Западен Балкан во одредени секторски политики на ЕУ, во согласност со нивниот напредок во процесот на пристапување.