Мишел: ЕУ мора да го реши прашањето за максималните цени на енергијата

Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет изјави дека Европската комисија не може да го одложи предлогот за решавање на проблемите поради поскапувањето на енергенсите до 14 септември, кога Урсула фон дер Лајен треба да одржи говор за состојбата на Европската унија.

„Не можеме да изгубиме повеќе денови, од клучно значење е Европската унија веднаш да го реши прашањето за максималните цени“ изјави Мишел во интервју за неколку европски медиуми, пренесува „Политико“.

Тој посочи дека тоа не е нов проблем и дека расправата за тоа не започнува денеска, додавајќи дека Советот веќе неколку пати ја повикал Европската комисија да излезе со конкретни предлози, за да им помогне на земјите-членки да донесуваат одлуки.