Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, ја посети и Бородјанка.
„Во Бородјанка. Како во Буча и премногу други градови во Украина. Историјата нема да ги заборави воените злосторства што беа извршени овде. Не може да има мир без правда“ – напиша Мишел на Твитер.
Тој утрово на социјалната мрежа напиша дека пристигнал во Киев, „во срцето на слободна и демократска Европа“.
Претходно овој месец и претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, исто така, го посети украинскиот главен град.