Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е оптимист дека европските лидери од првиот Самит на новата иницијатива на Европската политичка заедница можат, меѓу другото, да испратат сигнал до Русија дека привремено и без неа работаат на надминување на актуелните кризи.
Холандскиот премиер Марк Руте истакна дека Европската политичка заедница не е алтернатива на процесот на пристапување, туку платформа за европските лидери да разговараат за актуелните прашања.
Тој посочи на потребата од европска солидарност за координирање на активностите.
Претходно високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Самитот и формирањето на Европската политичка заедница е сигнал до Русија, иако е јасно дека нема да ја запре војната поради санкциите, да знае дека е изолирана.
Самитот започнува со мал гаф – катарскиот емир Тамим бин Хамад Сани неочекувано ја напушти Прага, иако сакал да учествува на завршната пленарна седница предвидена за време на свечената вечера.
Брисел во последен момент ја отфрли можноста да се менуваат учесниците на состанокот по што, според чешките медиуми, емирот навреден предвреме отпатувал од Прага.