„Поразителен е типот на работи што фриленсериве ги работат од Македонија, кај другите балкански држави се работи за поплатени сектори (програмирање дизајн) кај нас повеќе се работат преводи. Од статистиките кои ги имаме, 2020 година, трендот на фриленсери се зголемува, но опаѓа сумата по изработен час. Слабо се платени затоа што преземаат работи кои се помалку платени. За да бидат конкурентни веројатно настапуваат со помали цени“ вели Игор Мишевски од „Импакт Фондација“ во најновото издание на Трилинг.
Тој рече дека „идните фриленсери треба да се подобро технички подготвени. Пречка се претприемачките вештини. За да може да ги понуди услугите, мора да ги презентира, да ги испорача, да го заврши целиот циклус на претприемач, има голем јаз на недостаток на тие вештини и знаења, како да го презентира своето сработено, како да се договори за цена“.
„ИТ индустријата во земјава е доста платена, со присуството на интернационални компании. За слободните стрелци (фриленсери) ИТ не е единствен сектор во кој се работи. Има преведувачи, креатори на содржина, има дигитални маркетери, најмногу е ИТ делот и дигиталниот маркетинг, од она што го имаме како капацитет“ вели Мишевски.
Тој вели и дека „фриленсерството е отскочна даска, тоа е патот кој може на нас како држава да ни овозможи да формираме повеќе претприемачи“.