Мицотакис – Христодулидис: Двете влади остануваат целосно посветени на имплементацијата на електричното поврзување

Целосната посветеноста на двете влади на имплементацијата на електричното поврзување меѓу Грција и Кипар, ја повторија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидис во заедничката изјава по нивната средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, посочувајќи дека станува збор за проект од стратешко значење, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително потсетија дека овој проект е поддржан и од претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет.

На средбата, Христодулидис го информирал Мицотакис за последните случувања во кипарското прашање во пресрет на заедничката средба со лидерот на кипарските Турци што ќе се одржи под покровителство на генералниот секретар на ОН на 27 септември.

Станало збор и за приоритетите на кипарското претседателство со Европската Унија во првата половина на 2026 година, биле разгледани и прашањата што ќе најдат на агендата на претстојната меѓувладина седница Кипар-Грција во ноември, а Мицотакис и Христодулидис ги потврдиле и одличните билатерални односи.

На маргините на Генералното собрание на ОН, грчкиот премиер се сретна и со вселенскиот патријарх Вартоломеј, а оствари и одвоени средби со претседателите на Азербејџан, на Сиера Леоне и на Јемен, како и со премиерот на Египет.

Во однос на средбата со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган што вчера беше одложена на барање на турската страна, сè поверојатно е дека нема да се одржи, со оглед на тоа што владини извори за грчките медиуми посочиле дека е „тешко да се случи“.