Хеленизмот нема да престане да се бори додека Кипар не се обедини, додека не се залечат раните и не се вратат стабилноста и мирот на големиот остров, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на комеморацијата на 50-годишнината од државниот удар и турската инвазија на Кипар.
„Ние не го прифаќаме остварениот факт. Нашата аспирација останува една: Република Кипар со еден суверенитет во две зони, федерација со две единици во една држава без странска окупаторска армија, исто како што предвидуваат резолуциите на Обединетите нации“, Мицотакис рече, пренесе Катимерини.
Според него, раната се уште крвари, а северот од островот е заробеник на окупацијата.