Мицотакис телефонски разговарал со Зеленски
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска имал телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски на кој ја изразил поддршката и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, Министерството за здравство за Грција испраќа медицински материјал за Украина.
Грчкиот премиер повторил дека Грција уште од самиот почеток ги поддржала строгите санкции на Европската Унија против Русија и изразил подготвеност Грција да ѝ пружи помош на Украина во областите за кои ќе биде побарано.
Претседателот на Украина, според кабинетот на Мицотакис, му се заблагодарил на грчкиот премиер за јасната позиција на Грција и „побарал да продолжи поддршката во рамките на ЕУ“.