Мицотакис со Ѓоковиќ на грчкиот остров Тинос

Со Новак на Тинос, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Инстаграм, објавувајќи доцна синоќа селфи фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Со Новак на Тинос, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Инстаграм, објавувајќи доцна синоќа селфи фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Ѓоковиќ во изминатиот период беше на грчките острови Парос и Миконос, а сега, според објавената фотографија е на островот Тинос, каде што се сретнале со Мицотакис.

Грчките медиуми пишуваат дека утрово, српскиот тенисер и грчкиот премиер биле заедно во црквата Света Богородица на Тинос.

Мицотакис и Ѓоковиќ се сретнаа и на средината на јуни во Атина кога заедно вечераа во познат ресторан во центарот на грчката метропола.