Премиерот на соседна Грција, Киријакос Мицотакис ја отфрли можноста за предвремени избори наесен. Тој ги отфрли наводите дека планира предвреме да излезе на избори, додека неговата популарност не биде засегната од енергетската криза, пренесува „Ројтерс“.
Мицотакис во 2019 најави дека негов приоритет е стабилноста и дека неговата влада сака да ја искористи последната година од четиригодишниот мандат за да ја опорави земјата.
„Не ги следам анкетите за распишување избори. Имаме влада со силно мнозинство и моја должност е да ја осигурам стабилноста на земјата“, изјави Мицотакис за грчкото радио „Скај“.
Неговата партија Нова демократија е во водство, според анкетите на јавното мислење, но нејзината популарност е погодена од зголемените цени на енергијата, по руската инвазија на Украина.