Мицотакис на видеоконференцијата на лидерите за Украина: „Границите не се менуваат со сила“

Цврстата позиција на Грција дека границите не се менуваат со сила и дека само Украина има право да донесе одлуки во врска со својата територија, ја нагласил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на видеоконференцијата на лидерите за Украина, информираа од неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

На вчерашниот состанок одржан по иницијатива на Обединетото Кралство, Франција и Германија, Мицотакис, според истите информации, ја истакнал и важноста на американската улога и трансатлантските односи.

Паралелно нагласил дека прекинот на огнот е врвен приоритет и дека е од големо значење како ќе се користи, доколку се постигне.