Мицотакис: Најдобриот одговор на поскапувањето е трајното зголемување на приходите

Наспроти упорното поскапување на цените, политиката на Владата, не само неодамна, туку во последните години е многу конкретна. Имаме кажано дека најдобриот одговор на поскапувањето е трајното зголемување на приходите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање од лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис за инфлацијата и зголемените трошоци за живот на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека справувањето со поскапувањата на цените е главен владин приоритет, рече дека инфлацијата на прехранбените продукти во Грција е речиси на исто ниво со онаа во Европа, но и нагласи дека актуелната Влада досега намали 83 даноци, а невработеноста во земјата од 18 проценти сега е осум отсто.

Објасни дека Грција „сè уште ги носи на своите плеќи последиците од еден банкрот, од една десетгодишна криза која непотребно се продолжи поради третиот меморандум“, додавајќи дека кога Нова демократија дојде на власт во 2019 година, биле повикани да го надоместат загубеното во период од една деценија.

– Мислам дека никој не може да оспори дека положбата на Грција постепено се подобрува. Не сум волшебник, не сум Хари Потер, немам можност да правам работи кои се спротивставуваат на суровата реалност и на основните принципи на економската наука. Но, знам дека добив мандат од грчкиот народ за да ја ставам поддршката на домаќинствата и на расположливиот приход како прв, неприкосновен политички приоритет. И токму тоа, доследно го прави оваа Влада, порача Мицотакис.

Лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, во неговото прашање до грчкиот премиер посочи дека цените на прехранбените продукти во изминатите четири години се зголемени за над 34 отсто и го повика Мицотакис да се стави на местото на „просечно грчко семејство, на земјоделците, малите и средните бизниси, младите луѓе“.