Премиерот на балканската земја рече дека месечната минимална плата ќе се зголеми на 950 евра, од сегашните 780 евра.
Реизбраниот грчки премиер Киријакос Мицотакис вети дека новата Влада ќе ги „поправа грешките од минатото“.
Тој рече дека во следните четири години ќе ги намали даноците, ќе ги зголеми платите и пензиите и ќе ги исплати долговите преземени за да се реши банкротот порано од очекуваното, пренбоси Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
Во своето обраќање пред Собранието, тој посочи дека годинава грчките пензионери ќе добијат еднократен бонус, дека ќе се прошират мерките за заштита на домаќинствата од кризата на трошоците за живот и ќе се зголеми прагот за намалување на даноците за 1.000 евра за домаќинствата со деца од следната година.
Премиерот рече и дека месечната минимална плата ќе се зголеми на 950 евра од сегашните 780 евра, а придонесите за социјално осигурување ќе се намалат за еден процент.
Тој, исто така, вети дека ќе и помогне на Грција да постигне силен раст, да го врати кредитниот рејтинг за инвестициска класа оваа година по 13 години и да ги отплати билатералните заеми порано од очекуваното од првиот спасувачки договор со еврозоната.
Постепено би се намалувал данокот за самовработени.
Мицотакис изјави дека Грција, која се уште е најзадолжена земја во еврозоната, може да оствари примарен суфицит од два отсто годишно и покрај мерките за олеснување.