Мицотакис: Изборите ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат во 2027 година

Уште еднаш ќе кажам и што е можно појасно: изборите ќе се одржат на крајот на четиригодишниот мандат во 2027 година и ќе бидат победнички, а јас ќе бидам во првите редови на битката за Нова демократија повторно да биде Влада, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот на пратеничката група на Нова демократија.

Уште еднаш ќе кажам и што е можно појасно: изборите ќе се одржат на крајот на четиригодишниот мандат во 2027 година и ќе бидат победнички, а јас ќе бидам во првите редови на битката за Нова демократија повторно да биде Влада, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот на пратеничката група на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Со ова, Мицотакис уште еднаш ги демантираше шпекулациите за предвремени избори, но и јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од позицијата претседател на владејачката партија.

Посочи дека борбата за трет мандат за две години не е „ниту личен облог ниту законска партиска должност“, туку дека „тоа го налага националната потреба“.

Пред пратеничката група говореше за сите актуелни теми, а на почетокот се осврна и на железничката несреќа кај Темпи од пред две години и рече дека во изминатиот период, „пропагандата на опозицијата и на некои медиуми донесоа забуна кај многу граѓани, околу оваа голема национална трагедија“.

– Некои се обидоа да ја инструментализираат човечката болка за привремени политички придобивки. Единствено што ќе кажам е дека сега се ближи времето за правда и верувам дека порано или подоцна сите ќе ја дознаеме целата вистина за оваа голема трагедија. А правдата ќе ја дели независното грчко судство, како што предвидува Уставот, порача Мицотакис.

Во однос на глобалните случувања, се осврна и на царините од САД, односно како што рече одлуката што во суштина е „објава на трговска војна против сите“ и соопшти дека в понеделник заедно со вицепремиерот ќе одржат состанок на владиниот Совет за економска политика, за да оценат каква треба да биде грчката реакција, како треба да се позиционираат во рамките на Европската унија „пред оваа голема економска криза што се наѕира, но и што можеме да направиме за да ја заштитиме екстровертноста на сопствената економија“.