На социјалната мрежа Инстаграм грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19.
Тој направил рутинското тестирање со рапид тест утрово во неговиот кабинет.
„Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување, рече Мицотакис.