Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина.

Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што напиша, дури и во периоди на тензии, при што јасно се утврдуваат црвените линии.
-Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста и стабилноста. Не преку конфронтација, туку преку координација со нашите сојузници. Ја поддржуваме стратешката автономија на Европа преку посилна одбрана и поголема конкурентност, се стремиме кон активна европска улога во Газа и на Блискиот Исток и преземаме суштински иницијативи во рамките на Европската Унија и Советот за безбедност на Обединетите нации, напиша Мицотакис.
Додаде дека во свет на неизвесност, кохезијата на Европа и мултилатералната сила на Грција „ќе го оценат нашиот кредибилитет и јачината на нашиот глас“.