Мицотакис: Да се почитува вековната традиција и веќе воспоставениот статус кво на Синајскиот манастир Света Катерина

За случајот со манастирот Света Катерина на Синај, по одлуката на Апелацискиот суд во Исмаилија, нашата позиција е јасна и идентична со онаа на историскиот манастир, односно да се почитува вековната традиција и веќе воспоставениот статус кво на функционирањето на ова грчко-православно обележје, напиша на Фејсбук премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, својот традиционален неделен преглед што го објавува на Фејсбук, денеска го започна со Синајскиот манастирот, истакнувајќи дека е „прашање од особено значење“, се осврна на официјалниот став на египетската Влада и на „јасното уверување“ дека манастирот ќе продолжи да работи под постојниот статус, што „ја покажува волјата на Каиро да се справи со случајот на позитивен начин“.

– Во истиот дух беше и средбата на грчкиот министер за надворешни работи со неговиот египетски колега пред неколку дена, каде што беше договорено двете страни да работат во насока на обезбедување на правата на манастирот, на неговата правна форма и лик. Нашата цел е да го решиме прашањето на фер и дефинитивен начин и да ја продолжиме стратешки важната соработка меѓу двете земји, напиша Мицотакис.

Грчкиот премиер денеска ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океаните (UNOC3) во Ница, а според владини извори, Мицотакис се очекува да ја нагласи важноста што Грција ја придава на заштитата на океаните и морињата и важните мерки што ги презеде за повеќекратните кризи со кои се соочуваат морињата и океаните и да нагласи дека земјата брзо се движи кон одржливо и одговорно управување со своите морски ресурси.

Дополнително, според истите информации, ќе ги презентира и приоритети на Грција во однос на морињата и океаните.