При средбата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со премиерот на Грција беше разговарано за ЕУ перспективата на регионот, а Мицотакис потенцираше дека „Грција ќе продолжи да се бори, да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.
„Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за да обезбедиме стабилност и просперитет во нашиот поширок регион“ – рече Мицотакис.
И Ѓукановиќ, се согласи со ставот на грчкиот премиер и истакна дека Црна Гора е апсолутно уверена дека единствениот начин за да се воспостави стабилност и развој на Западен Балкан е преку европската и евроатлантската интеграција, а на регионот му е потребна помош и поддршка од Грција.