Мицотакис ги повика земјоделците на средба в понеделник попладне
Ќе повторам и денеска, државата е отворена за дијалог. Затоа и јас в понеделник попладне, во 17 часот, во мојата канцеларија ќе ја чекам делегацијата што ќе биде одредена, за да разговараме, како што сме правеле многупати во минатото, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упатувајќи покана за средба до земјоделците кои протестираат низ цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот на пратеничката група на Нова демократија, Мицотакис во говорот се осврна и на прашањето со земјоделците, кои речиси две седмици имаат поставено блокади низ земјата.
Рече дека оваа година земјоделците добиваат повеќе пари отколку лани, а фактот што дел од исплатите се извршени, а останатите ќе се исплатат до крајот на годината „се должи на многу голем напор што беше вложен од државните службеници кои се задолжени на крајот да ги потпишуваат овие одлуки, како и на напорот на Министерството за земјоделство и на вицепремиерот“
– Во следните седмици ќе бидат исплатени и оние што сè уште се проверуваат, а имаат право да добијат поддршка. И ќе повториме: на крај ќе останат средства за законските земјоделци и сточари. Со имплементацијата на новиот систем, тие ќе добијат повеќе пари отколку што добиваа. Друго, секој протест мора да го земе предвид и општеството. Со други зборови, да не ѝ нанесува штета на трговијата во земјата со затворање на патишта, аеродроми, пристаништа, кои на крајот им припаѓаат на сите. Исто така, да не се ставаат во опасност човечки животи, пренасочувајќи ги автомобилите, камионите и автобусите кон опасни заобиколувања, но и да не трпат штета и локалните пазари, особено сега кога се приближува празничниот период и се надеваме , масовните патувања кон селата, рече Мицотакис.
Додаде дека токму Владата на Нова демократија е онаа која успеа да даде „одговори на хронични проблеми“ и како пример ги спомена специјалните тарифи за струја, враќањето на специјалниот данок на потрошувачка на нафта, како и нискиот ДДВ на ѓубривата, добиточната храна, земјоделските машини.