Мицкоски: Ја следиме состојбата во Србија, но не очекувам прелевање кај нас

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан за случувањата во Србија и информациите од тамошните медиуми дека „структури од соседни земји на Србија, наводно учествуваат во некакви сценарија“, Мицкоски рече дека нашата политика е јасна, „ние ниту сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, ниту пак ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.

– Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамките на законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што ние имаме работи што дома треба да си ги решаваме и ниту имаме амбиција, ниту сакаме да бидеме дел од внатрешните работи на која било, една земја во светот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка.