
Мицкоски чека робусна акција од центрите на моќ за да го реши спорот со Бугарија
– Потребна е малку поробусна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, откако заврши неговата посета во Софија. Тој таму кажа дека со право бараме гаранции поради сè она што сме го направиле во минатото. Очекувам некаков тип придвижување со почетокот на следната година. Исто така, разговарав и со уште еден премиер на држава којашто е, би рекол, од редот на првите три во ЕУ и од нивна страна се очекува поробусна акција во насока на решавање на ова прашање. Очекувам да има поголема динамика по Нова година. Нешто суштински да тргне во решавање на тоа прашање – изјави Мицкоски.
Со праќање писма до европратеници, како што прави Бугарија, не се решава проблемот. Ние може да пишуваме колку сакаме писма, ама со тоа прашањето не се решава, треба посериозна акција од некои други центри на моќ. Ако навистина постои волја и желба, ние сме подготвени да разговараме, порача денес на брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. вели премиерот.
Според него, суштинско поместување на прашањето со Бугарија може да се очекува по Нова година, при што клучно е да има добра волја од двете страни.
– Потребна е малку поробусна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, откако заврши неговата посета во Софија. Тој таму кажа дека со право бараме гаранции поради сè она што сме го направиле во минатото. Очекувам некаков тип придвижување со почетокот на следната година. Исто така, разговарав и со уште еден премиер на држава којашто е, би рекол, од редот на првите три во ЕУ и од нивна страна се очекува поробусна акција во насока на решавање на ова прашање. Очекувам да има поголема динамика по Нова година. Нешто суштински да тргне во решавање на тоа прашање – изјави Мицкоски.
Тој потсети дека кога има акција, резултатите се неизбежни.
– Еве имаше таква акција за третата секција од пругата од Крива Паланка до граница. Седнавме на два-три пати, ја решивме работата. Еве тие веќе го распишаа тендерот, ние го прифативме грантот за техничка поддршка, кога ќе заврши тоа и ние ќе го распишеме тендерот, ЕУ ќе го финансира тунелот и ќе се реши работата. Треба да се седне и да се разговара и ќе се реши ако постои желба од двете страни – рече Мицкоски.
За оцената на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека има застој во реформите премиерот повтори дека ја чека најавената резолуција од Филипче за црвените линии во спорот со Бугарија.
– Ја чекаме резолуцијата веќе цел месец, не сум слушнал дека таков документ се работи во партиски кругови. СДСМ кажа дека работат на резолуција што има црвени линии, пред нешто повеќе од еден месец. Рековме дека со нетрпение ја очекуваме да дојде за и ние да дадеме некаков инпут во таа резолуција. Сѐ уште не е дојдена, кога ќе дојде ќе коментираме повеќе по тоа прашање – рече премиерот на брифинг со медиумите.
Тој негираше исто така дека ќе има парламентарни избори по локалните, како што најавуваат од ДУИ и дфека им праќал емисари со барање да влезат во идната влада .
-Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача премиерот.
Според него, Владата е стабилна и кохерентна и ќе победи на овие локални избори. Притоа нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремените парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.
-Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме на избори, сите проекти што треба да ги имплементираме би стагнирале најмалку шест месеци, рече Мицкоски.
Прашан дали очекува да има проблеми на претстојните локални избори и зошто повторно некој игра на картата на национализмот, рече дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.