Мицкоски: Финансиската соработка со Унгарија подразбира рамки која може да искористи над 500 милиони евра, под камата дупло пониска од еврообврзницата на минатата влада
Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија во интервју за Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител, вели дека 500 милиони евра кои планира да ги земе од Унгарија за специјална економска соработка, се со камата дупло пониска од еврообврзницата која во 2018тата година ја земала претходната влада, а ја искористила за поткуп и манипулација.
Обврзницата земена 2018тата година која што беше земена за поткуп, за манипулации доспева на 25 јануари следната година. Зошто ние би земале 500 милиони евра сега да плаќаме камати кога тие пари реално не ни требаат сега во овој момент, ќе ни требаат во јануари. Зошто да ги трошиме парите на граѓаните, па макар и еден милион евра да се, изјави премиерот Мицкоски и додаде дека еден милион евра можат да се искористат за две училишни сали наместо за непродуктивни работи.
Еден милион се да речеме колку две училишни сали кои вчера почнавме да ги работиме во Охрид. Две такви сали се еден милион евра. Па подобро да сработиме две такви сали отколку да платиме камати кои што ќе завршат онаму каде што не се продуктивни за граѓаните, дециден е тој.
Мицкоски истакна дека оваа таканаречена рамка од Унгарија може да биде и поголема, доколку како што рече тој нас ни е потребно и доколку условите кои се нудат се поволни за државата.
Точно е дека ние ветивме милијарда, до донесовме многу повеќе. Оваа специјална економска соработка која што ја имаме со Унгарија е таканаречена рамка која што може да биде поголема, доколку нас тоа ни е потребно и доколку услови кои нас ни се нудат ни се поволни, нагласи Мицкоски.