Мицкоски со синовите во Будимпешта, на покана на Орбан ќе го следат мечот Португалија-Унгарија

„Му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, пишува премиерот во објавата на Инстаграм.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на својот инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а утре ќе го следат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Португалија и Унгарија во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026.

„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, пишува Мицкоски во објавата на Инстаграм.

Мицкоски во објавата додава дека ќе се врати в среда, на 10 септември, и ќе присуствува на настан кај актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор градоначалнички мандат.