Мицкоски со поддршка на ЗНАМ за две големи општини – Центар и Куманово

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМЕН, донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ. Партија утврдила 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.

Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, објави Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски истакна дека вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: за Сопиште – Јане Мицевски, за Кичево – Александар Јовановски, за Крива Паланка – Оливер Алексовски, за Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, за Кривогаштани – Сашо Граорковски, за Шуто Оризари – Ерџан Демир, за Крушево- Нико Чонески, за Валандово – Ѓоко Камчев, за Виница – Митко Костадиновски, за Демир Хисар- Никола Најдовски, за Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, за Радовиш – Љупчо Почивалец, за Чашка – Дејан Андоновски, за Прилеп – Дејан Проданоски, за Струмица -Петар Јанков, за Неготино- Марија Нацева.

Во Куманово и Центар, Сајкоски рече дека ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ.

„Убедени сме во способноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа. Секој еден кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа, и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои си го одржуваат дадениот збор, и кои ќе бидат вистински татковци на градот. Изминатава година граѓаните ги почувствуваа придобивките од новиот пристап на работата. Се помогнаа општините со 250 милиони евра, со кои се решија децениски проблеми со кои се соочуваа нашите граѓани. И тука не запираме, продолжуваме и повторно со нови проекти.

Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие 4 години како локална и 1 година како централна власт. ИК на ВМРО-ДПМНЕ врз база на внатрепартиски анализи и сондажи заклучи дека партијата оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. На претстојните избори не очекува голема победа, а потоа многу работа и посветеност за секое место“, рече Сајкоски.