Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Вашингтон имал средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

-Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.

Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.Се бориме за секој интерес на Македонија, порача Мицкоски преку социјалните мрежи.