Мицкоски: Состојбата со пожарите е под контрола, опозицијата се занимава со некрофилија

Премиерот Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните.

Премиерот Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните.

-Дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, се поставува вистинското прашање:

„Што прават тие за да помогнат во процесот? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги. Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати до сега, ќе победиме на крај“, рече Мицкоски.

Премиерот информира дека пожарите во Трубарево и Вардариште се целосно под контрола.

-Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој димеше иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола, порача Мицкоски.