Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следува период во кој ќе продолжи борбата со корупцијата која се случувала во минатото.
„Во минатото се забегало и тешко е да се замисли дека политичар може да им го прави тоа на граѓаните кои му дале доверба“, рече премиерот Христијан Мицкоски вечерва во интервју за Алсат.
За досегашните прес конференции поврзани со министерството за култура и земјоделие, рече дека е само почеток.
„Ова е само почеток. Ги повикувам органите на прогонот, судството и обвинителството. Секако и претставката поднесена од Антикорупциската комисија во однос на скриениот имот на претседателот на СДСМ“, додаде Мицкоски.
Во однос на десетте точки кои на Денот на независноста ги презентираше премиерот, Мицкоски рече дека тоа се точки кои произлегуваат од испитувања на јавното мислење, за кои рече дека се прават најмалку два пати месечно.
„Дали на некого тоа му се допаѓа или не, тоа е лична одлука. Акламативно мнозинство има потреба од позитивен исход по однос на овие десет столба кои ги наведов. За жал дел од политичките партии ја одбија, по мене неодговорно и незрело“, изјави премиерот Мицкоски.