„Овде на планината Серта во близина на Општина Неготино можам да кажам дека пожарот веќе неколку дена е целосно изгасен и дека веќе нема никаков ризик од негово повторно распламтување.
Се разбира тоа никогаш не може да се знае дека во овој момент, во овој прв бран пожарникарите заедно со Центарот за управување со кризи, заедно со единиците на локалната самоуправа, тука пред се мислам на општините Кавадарци и Неготино, можам да кажам дека заедно со припадниците на МВР и МО огнената стихија беше совлада.
Денеска заедно со потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, заедно со пратениците, градоначалниците, пратениците и директорот на Центарот за управување со кризи сме овде на лице место за заедно да ја стегнеме раката на оние храбри луѓе кои што изминатите неколку недели на моменти својот живот го ризикуваа за да спасат што е можно повеќе територија да не биде зафатена од огнената стихија.
Можам да кажам дека како Влада во периодот кој што следи ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, нешто кое што е многу значајно. Но, истовремено започнавме процедура за носење на Законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе.
Дојдов заедно со луѓето овде кои што се со мене за да изразам голема благодарност на луѓето кои што изминатите неколку недели, ќе повторам го жртвуваа и својот живот за да се справат со огнената стихија.
Од мое име и од името на Владата голема благодарност. И би посакал пред сѐ ова да не ни се повторно, но знам дека и доколку се повтори и доколку тоа е повторно потребно, тие повторно нема да го штедат својот живот и повторно ќе го ризикуваат истиот за да ја совладаат огнената стихија.
Но, пред се да не ни се повтори ова, да посакам многу здравје и нормално понатаму да правиме се што е во наша моќ да ги подобриме условите за работа на овие луѓе.”