Мицкоски се сретна со Рот: Народот бара надеж, потребни се избори!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остварил средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг – Михаил Рот.

Тој се заблагодарил за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

„Toj истакнал дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа. Мицкоски додал дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички“ информираат од опозициската партија.

Информациите се дека Мицкоски истакнал и дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта.