Мицкоски се сретна со Калас: „Македонија заслужува да оди напред во евроинтеграциите“
„На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“, стои во објавата на Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарката за надворешни работи Каја Калас.
Мицкоски на својот „Фејсбук“ нашиша дека на еврокомесарката и ги соопштил нашите позиции и цели.