Мицкоски се сретна со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности

Тековни политички и економски прашања и напредокот на државата кон интеграцијата во ЕУ, биле теми на денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Амбасадорот Гир, како што се наведува, ја потврди посветеноста на Европската Унија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

– Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, се вели во соопштението од Владата.