Мицкоски: Се очекува намалување на инфлацијата во следниот период

-Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен параметар, тоа значи дека се намалуваат, истакна Мицкоски.

Намалување на инфлација во следниот период и нејзино сведување на два до три проценти наредната година, очекува премиерот Христијан Мицкоски.

Тој денеска одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци, посочи дека првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен параметар што значи дека се намалуваат.