Мицкоски се закани дека лично ќе се позанимавал со обвинителството и судството по изборите

Се сеќавате ли дека набавуваше вакцини против ковид од Кина по ултра дебели провизии, преку фирми втора рака, по трипати повисока цена од оригиналната? Се сеќавате ли дека монтажната зграда која му изгoре на Филипче се градеше без одобрение, а тој нè убедуваше дека „кабелот е крив“? За сите овие работи Филипче треба да одговара. Но, кога ќе се покрене тоа прашање — молк. Зошто?, рече Мицкоски.

На вечерашниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров, лидерот Христијан Мицкоски рече дека ќе зборува за чесноста на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

-Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме приказни за тоа колку власта била нечестна, иако 7 години беа на власт, трипати ни го чешлаа секој денар и видоа дека нема ништо. Но, ајде да зборуваме за нивната чесност. Се сеќавате ли дека Венко Филипче заборави да пријави дека во Бугарија има фирма? Се сеќавате ли дека фирми кои работеа во РЕК префрлаа пари во Бугарија на други фирми блиски до струмичкото лоби и до братот на поранешниот премиер?

Се сеќавате ли дека набавуваше вакцини против ковид од Кина по ултра дебели провизии, преку фирми втора рака, по трипати повисока цена од оригиналната? Се сеќавате ли дека монтажната зграда која му изгoре на Филипче се градеше без одобрение, а тој нè убедуваше дека „кабелот е крив“? За сите овие работи Филипче треба да одговара. Но, кога ќе се покрене тоа прашање — молк. Зошто?, рече Мицкоски.

Тој рече дека одговорот е затоа што над 80 кривични пријави и случаи, за кои имаше и јавно објавени гласови и пријави во обвинителството, се ставени во фиока.

-Зошто? Затоа што таму 7 години се редеа послушни партиски кадри. Седум години имаа енормни скокови во кариерата луѓе блиски до струмичкиот клан и до Венко. Затоа СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ. А кривичните пријави кои ги поднесовме се длабоко ставени во фиока и заклучени. Клучот е кај Венко. Затоа, по овие избори, лично ќе се позанимавам со ова. Затоа што судството мора да биде независно и да има правда за сите!

Да испратиме порака дека доаѓа крај на лицемерието, крај на криминалот и дека народот е посилен од ова сидро кое ја влече државата надолу. Затоа ќе победиме и ќе работиме за заедничка иднина.

Затоа да дадеме поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.