Мицкоски: Секогаш кога Заев и Бучкоски нешто работат, тоа е на штета на македонскиот народ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прашање за тоа каков е неговиот став за тоа што Владата повторно го назначи Владо Бучковски за олеснувач во преговорите со Бугарија, вели дека таквиот потег е продолжување на политиките на заевизмот и предавствата.

Првиот човек на најголемата опозициска партија со став дека „секогаш кога дуото Заев – Бучковски нешто работи, тоа е на штета на македонскиот народ и македонската држава“.

„Продолжување на политиките на заевизмот и на предавствата. Тие мислат дека прават јуначко дело, а во суштина секогаш кога ова дуо Бучковски-Заев нешто работи, знаете дека е на штета на македонскиот народ и на штета на македонската држава. Очекувам такво нешто и да продолжи да работи Владо Бучковски. Тој ќе остане запаметен само по една работа а тоа е дека продолжува да апологет на погрешните и предавнички политики на Зоран Заев. Жалам што сме колеги на факултетот, бидејќи тој е редовен професор како што сум и јас и жалам што еден мој колега одбрал да слугува на човек кој буквално нема никаква резерва кога станува збор да го продава македонскиот идентитет, македонската супстанца и македонската држава“ – изјави Мицкоски.