
Мицкоски: Седењето дома е најлошата опција, време е за промени
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изрази убедување дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, после овие локални избори ќе има 59 градоначалници.
Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓувреме, помеѓу првиот и вториот круг, против кандидати на нашите кандидати се откажаа, што значи дека сега веќе се 35 градоначалници и во уште 24 општини сме во вториот круг. Во недела ќе се одлучува, кој ќе биде градоначалник во тие 24 општини. Во шест од тие 26 општини сме второпласирани, со тенденција и со голема шанса, бидејќи разликата е премногу мала, да бидеме првопласирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Пробиштип во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изрази убедување дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, после овие локални избори ќе има 59 градоначалници.
-Истовремено, дозволете ми да информирам дека во 58 општини советничките листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде и резултатот во Градот Скопје, односно убедливото водство на идниот градоначалник на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, 90 илјади наспроти 30 илјади, отприлика нешто повеќе од 3 спрема 1, очекуваме во вториот круг таа бројка да дојде до 120 можеби 125 илјади гласа. И убедливата победа на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, доаѓаме до фантастична бројка од 60 општини во кои што се состои и Градот Скопје, нешто што до сега на ниту една политичка коалиција во независна Македонија не и се случило, истакна Мицкоски.
Мицкоски од Пробиштип порача и дека конечно, партијата која повеќе од 20 години беше дел од сите Влади во Македонија, Демократската унија за интеграција, на овие локални избори е поразена.
-Ние велевме на парламентарните избори пред година и половина ги развластивме и дека ќе дојде време, кога на локалните избори, тие ќе бидат поразени. И тие практично се поразени на овие Локални избори, рече Мицкоски.
Тој додаде дека во вториот круг граѓаните имаат три опции, од кои првата е да се гласа за коалицијата која ја претставува ВМРО-ДПМНЕ, која е победничката коалиција, додека втората опција е поранешната владина коалиција предводена од СДСМ, која е опција која не враќа назад во времето и која ја ограбуваше, понижуваше и распродаваше Македонија.
-И третата опција според мене најкастрафолна е да останеме дома и да не излеземе на изборите и да дозволиме некој друг да одлучува во наше име. Затоа што ако останеме дома и велиме лесно е победува ВМРО-ДПМНЕ и сега до мојот глас ли дојде или пак јас сум лут поради тоа и тоа, или пак покажувам некаков пркос. Тогаш никого не казнувате, тоа никој нема да го препознае. Тогаш се казнувате себе, Пробиштип и Македонија. Затоа што дозволувате друг да го изгради патот за следните четири години овде во Пробиштип, бидејќи вие седите дома. Тие што излегуваат на изборите, коишто гласаат, коишто го остваруваат своето демократско право, а демократско право е и да останете дома, нормално. Но, доколку сакате да ја градите иднината и да го трасираме патот заедно, тогаш излегуваме и учествуваме на изборите со тоа што ќе го дадеме гласот, за тој којшто мислиме дека е најдобар кандидат, вели Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните на Пробиштип, но и на цела Македонија во недела на 2 ноември да излезат на гласање што е можно помасовно и да го дадат својот глас онака како што тие мислат дека е најдобро.
-Но, убеден сум дека кога ќе застанете позади параванот, со пенкалото во рака и со гласачкото ливче пред вас, ако го слушате разумот и вашето срце, и длабоко погледате во вашата душа, ќе видите и ќе препознаете дека таму извира бројот 9 и името на Тони Тоневски. И јас сум убеден дека тоа ќе биде вашата опција за следните четири години, рече Мицкоски.
Тој истакна дека колку дома се посилни и ја добиваат поддршката од граѓаните, толку посилни се аргументите на нашата Влада пред меѓународните претставници и институции.
-Поддршката што ни ја давате е практично којашто не прави посилни, за да можеме да победуваме онаму каде што бев пред неколку дена во Лондон, каде што ќе одам сега во понеделник во Брисел. Да победуваме во Берлин, да победуваме во Париз, да победуваме во Рим во Вашинготн, колку дома сме посилни, колку посилна поддршка добиваме од вас, толку повеќе надвор не ценат и толку посилни се нашите аргументи, порача Мицкоски од Пробиштип.