Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од актуелната власт не очекува разрешница на случајот „Диво месо“ или скандалот со Онкологија за случувањата во текот на изминатата и оваа година.
Тој денеска при посетата на Општина Радовиш истакна дека од негова страна биле изнесени многу докази, факти, документи, добиени од свиркачи, а како што вели Обвинителството најмалку што требаше да направи е да ги повика да дадат исказ по допрен глас.
– Но, како што можете да видете, тоа не се случува. Жалам што е тоа така и навистина очекував малку повеќе човечност од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и оние органи на истрагата. Но, за жал тоа нема да се случи, но затоа пак идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има озбилна намера, сериозно да се пресмета, со оваа би рекол „канцер мафија “ и сите оние виновници да ги изведе пред лицето на правдата, рече Мицкоски.