Мицкоски размислува воведување дополнителни даноци за немажени и неженети

Говорејќи на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека демографската криза е еден од најголемите предизвици за Македонија и Европа. За надминување на овој проблем, како една од можните мерки тој рече дека се разгледува воведување дополнителни даноци за немажени и неженети лица.

Премиерот презентираше податоци според кои во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лице, што значи природниот прираст на населението е во негатива од 4.140 луѓе за само една година.

Тој предупреди дека трендовите на намален наталитет, зголемување на бројот на стари лица и масовно иселување водат кон сериозна демографска рецесија.

„Време е мајчинството да биде благослов, а не товар. Време е да изградиме институции кои ќе ја негуваат младоста и ќе ја враќаат надежта“, додаде премиерот, нагласувајќи дека борбата со демографската криза бара ангажман од целото општество, а не само од едно министерство.

Идејата за воведување данок за лица кои не се во брак е разгледувана и за време на претходни влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ кога на нејзино чело беше бегалецот од правдата Никола Груевски, но никогаш не била формализирана како конкретен законски предлог.