Мицкоски: По формирање на влада ќе ја интензивираме соработката со земјите членки на ЕУ, да обезбедиме квалитетна иднина за граѓаните

Да веднаш после официјалниот дел од вториот ден на Конгресот во Ротедрам имаше Европски самит на кој што беа претседателите на сестринските парии, меѓу нив имаше и доста премиер, вицепремиери заедно со претседателството на Европската Народна Партија, практично стариот претседател Доналд Туск примо предаде и официјално на новиот Манфред Вебер. Разговаравме околу актуелностите и предизвиците со кои се соочува европскиот континент, со кои се соочува Европската Народна партија, се разговараше за европските избори кои што следат во 2024 година. Така што официјално ЕПП ќе ги почне тие подготовки уште од сега, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вклучување во дневникот на телевизија Алфа.

Претседателот Мицкоски нагласи дека се разговара и за предизвиците со кои се соочува Македонија во однос на неразумниот потег на владата да не го прифати предлог законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на повластената даночна стапка за прехранбените производи, укажувајќи дека преку покажување на како што рече тој мускули од владата на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ всушност директно влијае врз стандардот и џебот на граѓаните.

Понатаму, зборувавме за се потешката економска состојба во Европа, тука би се надоврзал и со она што се случува кај нас и неразумниот потег на владата да не го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на повластената даночна стапка околу прехранбените производи, нешто што е би рекол втора погрешна проценка од страна на владата мислејќи дека на тој начин они го одбиваат ВМРО-ДПМНЕ и покажува мускули врз ВМРО-ДПМНЕ, а не сфаќа дека на тој начин директно влијае врз стандардот на граѓаните и директно задира во џебовите на граѓаните, водејќи ваква би рекол помалку чудна и неразумна и неодговорна  политика мислејќи дека се свети на ВМРО-ДПМНЕ, а така не гледа дека им се свети на граѓаните, рече тој.

Мицкоски истакна дека во Ротердам имал средба и со хрватскиот премиер и претседател на сестринската ХДЗ Андреј Пленковиќ, додавајќи дека разговарале за економските предизвици со кои се соочуваат двете држави.